11 октомври

На партизанските гробишта во Бутел оддадена почит на македонските херои

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Владината делегација предводена од Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, на партизанските гробишта во Бутел оддаде почит на хероите кои во 1941 година ја започнаа борбата за слободна Македонија.

11 Октомври е симбол на храброста, непокорот и решителноста на македонскиот народ да застане на вистинската страна на историјата, во борбата против фашизмот, за слобода, правда и човечко достоинство.

Генерациите пред нас се изборија за слободата што ја живееме денес. Нашата должност е да ја чуваме, да ја зајакнуваме државата и да градиме Македонија во која секој граѓанин ќе се чувствува безбедно, слободно и достоинствено.

Како министер за внатрешни работи, верувам дека најголемата почит кон нивната жртва ја покажуваме преку секојдневна посветеност на безбедноста, владеењето на правото и заштитата на мирот што тие ни го оставија во наследство.

Нека 11 Октомври нè потсетува дека љубовта кон татковината се докажува со дела, со одговорност и со грижа за идните генерации.
Нека е вечна славата на борците за слободна Македонија, порача првиот човек на полицијата.

Најнови вести