примопредавање

Ново поглавје за пливачите во Карпош: Општината ќе ѝ го предаде базенот „Партизан“ на Пливачката федерација

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Општина Карпош денеска на Пливачката федерација на Македонија официјално ќе ѝ го предаде на користење училишниот базен „Партизан“ кај спортската сала „Наум Наумовски-Борче“ во населба Карпош 4.

-Со ставањето во функција на новиот базен, Карпош добива значаен спортски капацитет и создава нови можности за развој на пливањето, работа со млади категории и унапредување на спортот, соопшти Општина Карпош.

На примопредавањето на базенот ќе присуствува и министерот за спорт, Борко Ристевски, и заедно со градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, и претседателот на Националната пливачка федерација, Сашо Лазаревски, ќе ги презентираат плановите за понатамошно функционирање на базенот.

Најнови вести