Денес ја поднесов мојата оставка од функцијата заменик-министер за здравство, од лични причини, вака на социјалните мрежи ја соопшти информацијата Јовица Андоновски кој веќе две години раководеше со ова место во здравство
Од срце му благодарам на претседателот на Владата на Република Македонија за довербата, поддршката и можноста да бидам дел од Владата и да придонесувам во унапредувањето на здравствениот систем.
Особена благодарност упатувам до потпретседателот на Владата, Љупчо Димовски, за искрената и коректна соработка, поддршката и професионалниот однос во текот на целиот период.
Благодарност и до сите мои колеги, здравствени работници и соработници со кои заеднички работевме во интерес на граѓаните и на македонското здравство.
За мене беше чест, но и голема одговорност да ја извршувам оваа функција.
Заминувањето од функцијата не ја менува мојата благодарност кон сите со кои работев, ниту мојата почит кон институцијата и луѓето кои секојдневно се грижат за здравјето на граѓаните.
На Владата ѝ посакувам успех во понатамошната работа и многу успеси во градењето на подобар и поквалитетен здравствен систем.
Ви благодарам за довербата, напиша Андоновски на социјалните мрежи.