Дел од основците од училиштето „Киро Глигоров“ во Центар од утре наставата ќе ја следат онлајн

Општина Центар информира дека учениците во ООУ „Киро Глигоров“ новата учебна година времено ќе ја започнат со онлајн настава.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Оттаму појаснуваат дека причината за ваквата одлука се должи на градежните активности што Министерството за образование и наука ги реализира во дел од училиштето, а кои сè уште не се завршени. МОН даде согласност наставата да се одвива од далечина до создавање услови за безбедно враќање на учениците во училишните клупи. Најважно е децата да бидат безбедни и наставата да започне без дополнителни одложувања.

Општина Центар побара од Министерството информација за точниот рок и динамиката за завршување на работите и очекува тие да завршат во најкус можен рок, за учениците што побрзо да се вратат на редовна настава, велат во соопштението до медиумите.

Најнови вести