Онколошките пациенти останаа без лекот Фезго поради ненавремена испорака на лекот. Од Клиниката за радиотерапија и онкологија им се извинија на пациентите кои вчера требаше да ја примат терапијата, додавајќи дека проблемите со испораката не е под директна надлежност на Клиниката.
-Искрено се извинуваме на сите пациенти кои денес требаше да ја примат терапијата Phesgo, а поради ненавремената испорака на лекот се соочија со одложување.
Свесни сме колку е важна навремената и континуирана терапија и искрено жалиме за загриженоста, неизвесноста и непријатностите што ги предизвика оваа ситуација.
Сакаме да појасниме дека одложувањето е резултат на проблеми во дистрибуцијата и испораката на лекот, кои се надвор од директната контрола на Клиниката.
Уште еднаш искрено се извинуваме и Ве уверуваме дека преземаме сè што е во наша надлежност за терапијата да биде обезбедена и пациентките да ја примат во најкус можен рок, велат од Клиниката.