Амбасадата на Франција и Францускиот институт во Скопје, во соработка со Град Скопје и Фондацијата „Европска престолнина на културата – Скопје 2028″ вчера го стартуваа првото издание на Фестивалот на улична уметност French Connection.
Вчера и денес градот Скопје живее во духот на уметноста со богата програма и забава за сите генерации.
Денеска (Сабота 17 октомври 2026 година)
20:00 часот, Плоштад Карпошово востание
„Фратело“ на трупата Бестиа (Bestia)
Два уметника и совршена координација. „Фратело“ е динамичен перформанс кој низ движењето ја истражува довербата и поврзаноста меѓу двајца сценски партнери и комуницира без зборови.
21:00 часот, фонтана „Лотос“, Градски парк
„Танцот на водните нимфи“ на трупата Гвам (Gwam)
Музички и визуелен спектакл и имерзивно искуство што ја носи публиката во волшебниот свет на морските длабочини, преку флуидни движења, фосфоресцентни бои и хипнотички звуци.
Ова издание има амбиција да прерасне во годишен настан, кој ќе ги поврзува уметниците, публиката и градовите преку современи уметнички форми достапни за сите.