Филмски фестивал

Доделени наградите на годинашниот МФФ Киненова

Во рамки на фестивалот, на три локации беа прикажани 39 филмски наслови.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Со доделување на наградите и проекција на филмот „Фантази” од словенечко-македонска копродукција и во присуство на режисерката Кукла Кешеровиќ, синоќа свечено беше затворено 11. издание на Меѓународниот Филмски Фестивал Киненова.

Жирито на 11. МФФ Киненова во состав: Емин Алпер, претседател, Александра Максимовиќ и Гоце Цветановски, членови ги соопшти наградените филмови и автори.

Наградата за најдобар долгометражен филм на фестивалот „Киненова” ја доби филмот „Вчера моите очи не 3acnaa” (Yesterday the Eye Didn’t Sleep), вo режија на Ракан Мајази.

Наградата за најдобар режисер му припаѓа на Мирослав Терзиќ за филмот „Три недели потоа”.

Наградата за најдобро сценарио им припаѓа на Христо Симеонов и Петар Крумов за „Чевлите на мојот татко”

Специјалното признание на жирито му припаѓа на филмот „Во сенка” (In the Shadow), во режија на Салем Салавати, за неговото храбро истражување на чувствителната тема за адолесценцијата и сексуалноста кај еден млад човек со Даунов синдром.

Со едногласна одлука на жирито, наградата за најдобар краток филм рамноправно ја делат „Тарик“ во режија на Адем Тутиќ и „Како што лета гавранот“ (As the Crow Flies) во режија на Клара Лакомб.

Најнови вести