Македонскиот кандидат за Оскар ,,17″ со премиера на 26. Скопје Филм Фестивал

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вечерва во Македонскиот Народен Театар, скопската публика ќе има можност премиерно да го погледне остварувањето „17“, официјалниот македонски кандидат за наградата „Оскар“ во категоријата за Најдобар меѓународен игран филм.

Проекцијата е во рами на програмата на 26. Скопје Филм Фестивал.

Филмот „17“ на режисерката Косара Митиќ претставува суптилен и емотивно суров увид во созревањето, личните борби и предизвиците на новата генерација, отворајќи прашања за идентитетот и слободата.

Свечената премиерa ќе почне со дефиле на црвениот килим со почеток од 20 часот и 30 минути, по што со почеток во 21 часот, ќе следува официјалната премиерна проекција на филмот.

Основан во 1998 година, Скопје Филм Фестивал годишно привлекува меѓу 6.000 и 10.000 посетители, како и бројни домашни и странски филмски професионалци.

Од оваа година, фестивалот влегува во фаза на трансформација и осовременување на својата програмска структура и визуелен идентитет.

Со нов меѓународен фестивалски совет и тим составен од истакнати професионалци од Европа и светот, Скопје Филм Фестивал се позиционира како водечки културен двигател во регионот и еден од темелните столбови во реализацијата на проектот „Скопје Европска престолнина на културата 2028“.

Најнови вести