Шест децении музичка извонредност: Истакнати уметници заедно на јубилејот на Факултетот за музичка уметност

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

По повод одбележувањето на 60-годишниот јубилеј, Факултетот за музичка уметност – Скопје, за денеска најавува музичка вечер исполнета со енергија, емоции и врвни изведби, посветена на Катедрата за популарни жанрови.

На сцената на Бар „Филхармонија“ ќе се обединат истакнати музички уметници, професори и алумни, меѓу кои Џијан Емин, Гоце Стевковски, Андријана Јаневска, Теа Трајковска, Тамара Тодевска, Лидија Кочовска, Маја Капсарова и многу други, во прослава на шест децении музичка уметност, креативност и инспирација.

Концертот ќе се одржи вечерва со почеток во 19:30 часот во Бар „Филхармонија“. Концертот се реализира со поддршка на Министерството за култура и туризам на Република Северна Македонија, под покровителство на претседателката на Република Северна Македонија, проф. д-р Гордана Сиљановска-Давкова.

 

Најнови вести