СТОП за риболов на крап во Мавровско езеро

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Со одлука на Министерсрвото за земјоделство, шумарство и водостопанство, се забранува риболов на крап (Cyprinus carpio) во рекреативната зона „Мавровско Езеро” до 31.12.2026 година.

Забраната е донесена согласно член од Законот за рибарство и аквакултура, по барање на ЈУ Национален парк Маврово и со позитивно мислење од Институтот за сточарство и рибарство Скопје.

Според Министерството, целта е да се овозможи успешно приспособување, распространување и раст на порибените единки во природните услови на Мавровското Езеро, со што се придонесува кон зачувување и обновување на рибниот фонд.

ЈУ Национален парк Маврово ги повика сите риболовци да ја почитуваат забраната и заеднички да придонесеме за зачувување на рибниот фонд на Мавровското Езеро.

Најнови вести