Смртноста од западнонилска треска досега е 11,5 проценти, просечното лекување е 14 дена, а најдолгото изнесувало 29 дена. Најкраткиот испис бил 8 дена. Врвот на оптоварувањето на клиниката за инфективни болести било на 12 август кога имало 24 хоспитализирани пациенти, велат од ресорното министерство на денешната прес-конференција.
Сите починати се мажи, соопшти министерот Клековски.
„Првата хоспитализација била во месец мај, вториот случај бил регистриран на 29 јуни и растот започнал на 13 јули, а на 18 јули почнаа мерките против вирусот на Западен Нил, изјавиминистерот.
Најмногу хоспитализации имало од 3 до 24 август. Во последната недела од август има три потврдени и 2 непотврдени случаи, во споредба со претходните три недели.
Новите случаи на западнонилска треска се во Скопје- Север, од министерството најавуваат дека заедно со Општините на тие места ќе се преземат соодветни мерки.
Трета птица е позитивна на вирусот и тоа во Општината Карпош кај Драмски театар.