Образование

Јаневска по обвинувањата за студенсткиот дом „Стив Наумов”: Условите се одлични, СДСМ нека дојде на увид

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министерката за образование и наука,
Весна Јаневска, ги отфрла обвинувањата на СДММ за лоши услови во реконструираниот студентски дом „Стив Наумов” во Скопје, откако опозицијата алармираше за влага, протекување вода
проблеми со греењето и топлата вода.

Јаневска вели дека изолирани ситуации може да се појават и во реновиран објект, но нагласува дека домот е под гаранција и дека изведувачот ги санира недостатоците.

„Несакани ситуации може да бидат предизвикани и од корисници, за што апелиравме на одговорно користење при самото пуштање на објектот. Раководството на домот се соочи со запушена канализација поради фрлени влажни марамици; активиран алармен систем поради заборавена храна во вклучена микробранова печка во чајна кујна, како и поради запалена цигара во соба; откорнат радијатор; паркирани автомобили на зелени површини во дворот на домот”, објави министерката Весна Јаневска.

Реакцијата на министерката следува по прес- конференцијата на потпретседателот на СДММ, Бојан Цветаноски, кој праша како се потрошени средствата за реконструкцијата, ако студентите повторно се соочуваат со несоодветни услови. Од СДММ побараа објавување на сите трошоци и договори, проверка на состојбата и утврдување одговорност за евентуалните пропусти.

Најнови вести