Антивладини протести

ТИРАНА ВО ХАОС: Институции во пламен, повредени демонстранти, полицаец, новинар

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Осум лица се повредени за време на вчерашниот протест во Тирана, обајави албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Во насилните протести, демонстрантите ја опожарија општината, како и влезната врата на Министерството за животна средина во центарот на Тирана. Чуварите на редот употребија солзавец и водени топови за да ја растераат толпата.

Масовните антивладини протести во
албанската престолнина ескалираа откако учесници на протестот фрлаа камења и пиротехнички средства кон безбедносните сили и државните институции.

Политичкото и социјалното незадоволство насочено кон владата на премиерот Еди Рама ескалира 12 дена по ред.

Студентски и граѓански групи се незадоволни од економските услови, високите трошоци за живот, иселувањето на младите и состојбите во образовниот систем.

Во изминатите месеци опозициската Демократска партија, предводена од Сали Бериша, организираше повеќе демонстрации со барање за предвремени избори, обвинувајќи ја Владата за корупција, лошо управување и влошување на животниот стандард.

Најнови вести