избори во србија

ДОДЕКА ГЛАСАА СВРТЕА ОРO: Вака тече гласањето во центарот на Љубљана

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Вонредните парламентарни избори во Србија се во фокусот на словенечките медиуми, откако српските гласачи во центарот на Љубљана го привлекоа вниманието со песна и оро додека чекаа да го остварат своето гласачко право.

Гласањето се одвива и во Амбасадата на Србија во центарот на Љубљана, каде што гласачите почнале да се собираат уште во раните утрински часови, создавајќи долга колона пред избирачкото место, објави N1 Словенија.

Меѓу граѓаните кои чекале да гласаат биле и Драгица и Максим, кои пристигнале од Копер заедно со своето двегодишно дете. Тие раскажале дека тргнале во 5:30 часот наутро, а пред избирачкото место пристигнале околу 7:30 часот.

За да гласаат, требало да чекаат час и половина, но бидејќи биле со мало дете, им било дозволено да поминат преку редот. Нивниот пријател, пак, чекал речиси два часа.

Пред десет години се преселиле од Шабац во Словенија, надевајќи се дека ќе обезбедат подобар живот.

Од Копер утрово пристигнале и студентките Ива и Нина, кои изјавиле дека во Србија не пронашле доволно можности за добар живот и работа, поради што одлучиле да се преселат во Словенија.

Додека чекале пред амбасадата, граѓаните пееле, а во еден момент заиграле и познато ужичко оро, создавајќи несекојдневна атмосфера во центарот на Љубљана.

Најнови вести