Затворени гласачките места во Србија: Сите во исчекување на резултатите

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Србија вечерва во 20:00 часот завршија вонредните парламентарни избори, на кои граѓаните избираа 250 пратеници за новиот состав на Собранието на Србија.

Избирачките места беа отворени од 7:00 до 20:00 часот, а на сите граѓани кои по истекот на ова време ќе се затекнат на избирачкото место или непосредно пред него ќе им биде овозможено да гласаат.

Изборниот молк траеше до затворањето на избирачките места во 20:00 часот.

Право на глас имаа 6.451.292 запишани избирачи, кои можеа да гласаат на 8.392 избирачки места, од кои 93 беа во странство.

На изборите учествуваа 18 изборни листи, на кои беа предложени вкупно 2.418 кандидати, а од нив девет листи имаа статус на изборни листи на националните малцинства.

Низ цела Србија граѓаните чекаат во редици за да гласаат на изборите за пратеници во Собранието на Србија, а на одредени избирачки места редици се формирале уште пред почетокот на гласањето.

Во Белград, Нови Сад, Чачак и Шабац, граѓаните чекаат во редици за да ја исполнат својата граѓанска должност. Големи гужви има и на избирачките места каде што гласаат Србите од Косово и Метохија – во Рашка, Врање и Рудница.

На денешните избори граѓаните избираат 250 пратеници за новиот состав на Собранието на Србија.

Најнови вести