(ВИДЕО) Еуфорија на улиците во Србија: Студентите славеа, танцуваа и се радуваа на изборната победа

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Студентската изборна листа „Студентите победуваат“ прогласи победа на предвремените парламентарни избори во Србија, откако првите процени на ЦEСИД и Ипсос покажаа дека освоила околу 52 проценти од гласовите и дека би можела да обезбеди самостојно мнозинство во Народното собрание.

Според проекциите направени врз основа на 56 проценти од обработениот примерок, студентската листа би освоила приближно 138 пратенички мандати, додека листата на Александар Вучиќ околу 104. За парламентарно мнозинство во Србија се потребни најмалку 126 од вкупно 250 пратеници.

Вчеравечер граѓаните во голем број ја славеа победата на студентите. Се славеше во сите градови низ Србија. Дел од атмосферата во Белград и Нови Сад.

Најнови вести