Актуелниот претседател на Бразил, Лула да Силва освои четврти претседателски мандат

Флавио Болсонаро водеше во првиот круг од изборите, но во вториот круг загуби со разлика од над четири милиони гласови.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Бразилскиот претседател, Луис Инасио Лула да Силва, освои четврти претседателски мандат, соопшти бразилскиот изборен суд.

Осумдесет годишниот политичар, доби околу 51,8 проценти од гласовите, наспроти неговиот 45-годишен противкандидат Жаир Болсонаро кој освои 48,2 насто. Разликата меѓу двајцата кандидати изнесува речиси 4,4 милиони гласови.

Лула да Силва, најдоминантната фигура во бразилската политика во овој век, во драматичната завршница на пребројувањето на гласовите го победи сенаторот Флавио Болсонаро, синот на поранешниот
претседател Жаир Болсонаро.

Болсонаро одби да го признае поразот во вториот круг и побара поништување на резултатите поради двочасовното продолжување на гласањето.

Изборната трка привлече големо внимание поради политичките разлики меѓу кандидатите. Лула да Силва е левичар кој често го критикува претседателот на САД, Доналд Трамп, додека Флавио Болсонаро е десничар и поддржувач на актуелниот шеф на Белата Куќа.

Најнови вести