Технолошки гиганти

Аферата му ги помати сметките: Извршниот директор на „Енвидија“, Јенсен Хуанг поднесе оставка

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Извршниот директор на „Енвидија“, Јенсен Хуанг, поднесе оставка по неговата љубовна врска со жена, која наводно работела во интерес на Кина. Вредноста на акциите на „Енвидија” денеска паднаа за 10 проценти.

Компанијата ја именуваше Колет Крес за привремена извршна директорка. Таа досега беше извршна потпретседателка и главна финансиска директорка.

Јенсен Хуанг се најде под силен притисок поради аферата со Алис Хванг, поранешна извршна директорка на компанијата „Мегаспид” со седиште во Сингапур. Американските власти заклучиле дека била поврзана со кинеската разузнавачка служба.

Но тоа не е се, американските медиуми вчера објавија дека Јенсен Хуанг имал уште една вонбрачна афера, со вработена во „Енвидија“.

Хуанг ја основал „Енвидија“ со уште двајца инженери во 1993. Денес е втората највредна компанија во светот, по „Епл”. ,,Енвидија” дизајнира компјутерски чипови за развојот на вештачката интелигенција.

Најнови вести