Претседателите Доналд Трамп, Владимир Путин и Шји Џјинпинг во кинескиот град Шенжен присуствуваат на самитот на Азиско-пацифичката економска соработка.
Тројцата лидери се ракуваа и накратко разговараа пред свечената вечера организирана од кинескиот претседател.

Средбата се одржува во пресрет на најавениот трилатерален состанок на Трамп, Путин и Шји, закажан за утре, на маргините на самитот АПЕК.
Се очекува на разговорите да доминираат теми како што се меѓународната безбедност, војните во Украина и Иран, трговските односи и нуклеарното вооружување.
Кремљ претходно најави дека Трамп и Путин би можеле да се сретнат повеќепати за време на самитот, вклучително и на разговори во потесен состав, без големи делегации.
Доналд Трамп пристигна во Шенжен денеска, каде што Шји Џјинпинг лично го пречека на аеродромот, отстапувајќи од вообичаениот дипломатски протокол.
Владимир Путин, пак, денеска одржа повеќе од двочасовна средба со Шји, на која двајцата претседатели ја истакнаа важноста на соработката меѓу Русија и Кина.