ПУТИН СЕ СРЕТНА СО ШЈИ ПРЕД САМИТОТ СО ТРАМП

Тројцата лидери ќе се сретнат утре на маргините на АПЕК и се очекува да разговараат за Украина, Иран, трговијата, вештачката интелигенција и за нуклеарното оружје.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Пред историската трилатерална средба меѓу претседателите Доналд Трамп, Владимир Путин и Шји Џјинпинг, шефовите на Русија и Кина се сретнаа очи в очи.

На самитот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во јужниот кинески технолошки центар Шенжен, кинескиот претседател Шји Џјинпинг вети дека ќе се спротивстави на трговскиот протекционизам, додека неговиот руски колега Владимир Путин ги критикуваше западните санкции.

Во своето воведно обраќање, Шји повика на поддршка за слободна и отворена трговија, претставувајќи ја Кина како стабилен партнер на глобалната сцена.

Шји и Путин, за кои ова беше 50. средба, меѓусебно го пофалија партнерството, за кое рекоа дека функционира стабилно на меѓународната сцена. Двајцата претседатели се заложија за дополнителни мерки што ќе придонесат за развој на мултиполарен свет.

Најнови вести