Универзитетски институт за радиологија

Апаратите за томографија се сервисираат, во функција ставени две други установи

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Министерството за здравство во координација со Универзитетскиот институт за радиологија информира дека е во тек сервисирање на апаратите за компјутерска томографија, кои се во дефект и се прават напори за нивно што побрзо ставање во функција.

Денеска е ставен во функција еден од
компјутерските томографи на
Универзитетскиот институт за радиологија- Скопје и е достапен за извршување дијагностички прегледи.

Во однос на компјутерскиот томограф, лоциран во хируршкиот комплекс и наменет првенствено за дијагностичка обработка на итни пациенти, сервисната постапка сe уште е во тек и се очекува да заврши во најскоро време.

Уште од почетокот на оваа недела е направена реорганизација за упатите на пациентите, со цел навремено добивање на потребната здравствена услуга.

За обезбедување континуитет на здравствената заштита, непречено згрижување на итните пациенти и навремена КТ дијагностика и до нивно повторно ставање во функција пациентите се згрижени, односно снимањата се вршат во ГОБ „8-ми Септември“ и Хируршката клиника „Св. Наум Охридски“ во Скопје.

Пациентите упатени за компјутерска томографија се примаат и снимаат според следната динамика:

ЈЗУ ГОБ,8-ми Септември”, оддел за дијагностичка и интервентна радиологија од 08:00 до 14:00 часот од 20:00 до 02:00 часот

ЈЗУ Клиника за хируршки болести „Св. Наум Охридски“ – Скопје
од 14:00 до 20:00 часот од 02:00 до 08:00 часот

За секоја промена на состојбата, како и за повторно воспоставување на редовниот режим на работа, сите релевантни здравствени установи, служби и јавноста ќе бидат навремено информирани, велат од Министерството за здравство.

Најнови вести