Општина Центар: Јавен повик за ангажирање лични асистенти во основните училишта

Објавен јавниот повик за ангажирање лични асистенти на учениците со посебни образовни потреби, во рамки на проектот „Образование за сите“.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од општината соопштија дека личните асистенти ќе бидат секојдневна поддршка на учениците – ќе им помагаат полесно да ја следат наставата, да се вклучат во училишните активности и да се чувствуваат сигурно и прифатено во својата средина.

Истовремено, со овој проект даваме можност за ангажман на лица кои имаат знаење, искуство и, пред сè, желба да работат со деца.
Ангажманот е 20 часа неделно, во период од осум месеци, со месечен нето-надоместок од 18.000 денари.

Јавниот повик трае пет работни дена, а пријавите се поднесуваат во Архивата на Општина Центар, барака 6.
Продолжуваме да создаваме образование во кое има место, поддршка и можност за секое дете, стои во соопштението.

Најнови вести