Црна Гора и Хрватска ги почнуваат преговорите за отворените прашања

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Во Загреб, прв состанок на мешовитите комисии на Црна Гора и Хрватска, со што официјално почнуваат преговорите за решавање на отворените билатерални прашања меѓу двете земји.

Во фокусот на разговорите е статусот на бродот „Јадран“ и другите прашања поврзани со сукцесијата на воениот имот на поранешната државна заедница. Прашањето за бродот „Јадран” со години е едно од најчувствителните во односите меѓу двете земји. Хрватска бара враќање на бродот, додека Црна Гора го смета за дел од својата воена и поморска традиција.

Хрватскиот министер за надворешни работи, Гордан Грлиќ Радман, изјави дека Хрватска од Црна Гора, покрај бродот „Јадран“, бара и друг воен имот чија вредност, според него, надминува 2,7 милијарди долари. Хрватското МНР ги отфрли тврдењата дека станува збор за класични билатерални прашања со кои Хрватска се обидува да го блокира европскиот пат на Црна Гора.

Најнови вести