Во Скопје денеска се одржа Државниот натпревар по прва помош, во организација на Црвениот крст, на кој младите учесници ги демонстрираа своите знаења, вештини и подготвеност за реагирање во итни ситуации.
На учесниците им беа упатени честитки за покажаното знаење, труд и посветеност, со порака дека знаењето за прва помош може да значи и спасен човечки живот.
Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, порача дека Градот и понатаму ќе биде силен партнер на Црвениот крст и ќе ги поддржува активностите што придонесуваат за создавање одговорни, хумани и подготвени генерации.

„Хуманоста нема цена. А знаењето да спасиш живот е вредност што нема замена“, порача Ѓорѓиевски.
По повод Државниот натпревар по прва помош, тој им честиташе на сите учесници за покажаното знаење, труд и посветеност, а на најуспешните им посака успех во предизвиците што следуваат.