Граѓаните во Словенија денес гласаат на еден законодавен и три консултативни референдуми, а од 7:00 часот утрово се отворени повеќе од 3.000 избирачки места, пренесуваат словенечките медиуми.
Гласањето се одвива и во странство, на 30 избирачки места во дипломатско-конзуларните претставништва, пренесува Радио-телевизија Словенија (РТВ Словенија).
Гласачите мора да понесат личен документ со себе на избирачкото место, а пред гласањето треба да се потпишат во избирачкиот список за секој референдум посебно, по што ги добиваат гласачките ливчиња.
Граѓаните ќе се изјаснат за Измени на Законот за парламентарна истрага – граѓаните одлучуваат дали да стапат во сила веќе усвоените измени на законот.
Социјална помош – дали работоспособните лица кои немаат објективни пречки за работа треба да извршуваат општествено корисна работа како услов за добивање парична социјална помош.
Право на глас за странците – дали на локалните избори треба да гласаат само државјаните на Словенија и на другите земји членки на ЕУ, со што би се исклучиле државјаните на трети земји, и за укинување на задолжителната RTV-претплата – дали треба да се укине задолжителното плаќање на придонесот за програмите на Радио-телевизија Словенија.