Жителите на Алберта, канадската покраина богата со нафта го отфрли планот за отцепување од Канада.
Ова беше првото гласање за и против отцепување во историјата на покраината. Исходот се смета за голема победа за премиерот Марк Карни, кој се обидува да ја обедини земјата во услови на тековната трговска војна со Соединетите Американски Држави.
Алберта е конзервативно упориште
чија политичка култура долго време има повеќе заедничко со американскиот Запад отколку со поголемиот дел од Канада.
Негодувањето кон Отава е длабоко, но традиционално не се претворило во широка поддршка за независност.
Некои жители на Алберта се надеваат дека гласањето на изборите ќе ја заврши дебатата и ќе ја спречи продолжената борба за независност како онаа во Квебек.
Изјаснувањето доаѓа во време кога Канаѓаните се обединуваат против трговската војна на американскиот претседател Доналд Трамп и заканите Канада да стане 51. држава на САД.