Референдум

Мнозинство граѓани во Словенија го отфрлија законот за парламентарни истраги

Пресврт во резултатите од четирите референдуми што во неделата се одржаа во Словенија.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Граѓаните во Словенија вчера гласаа на четири референдуми. Мнозинството се изјасни против измените на Законот за парламентарни истраги кој предвидуваа ограничување на можностите за уставно-судска заштита на лицата опфатени со парламентарни истраги. Власта тврдеше дека со предлогот ќе се овозможи поефикасно спроведување на истрагите, додека противниците предупредуваа дека со тоа се намалува заштитата на правата на граѓаните.

На референдумското изјаснување, граѓаните решаваа за уште три важни прашања. Поддршка доби предлогот за ограничување на гласачкото право на локалните избори на словенечките државјани и државјаните на Европската Унија. За него гласале 55,85 проценти, а против 44,15 проценти. Ова прашање директно ги засега и македонските државјани со постојан престој во Словенија, кои со законските измени од септември го изгубија правото да гласаат на локалните избори.

Референдумот за условување на паричната социјална помош со општественокорисна работа, 61,12 проценти од гласачите се изјасниле „за“, а 38,88 проценти „против“.

Најнеизвесен беше референдумот за укинување на задолжителниот придонес за Радиотелевизија Словенија, но тоа не значи и автоматско укинување на придонесот, бидејќи референдумот е со консултативен карактер и за евентуална промена, потребна е дополнителна законска постапка.

Најнови вести