Во организација на Црвениот крст на град Скопје, денеска Државен натпревар по прва помош, највисокото натпреварувачко ниво во оваа област.
На натпреварот учествуваат 10 најдобри младински екипи кои преку општинските и регионалните натпревари покажале високо ниво на знаења, вештини и подготвеност за укажување прва помош.
Учесниците преку реалистично прикажани повреди и итни состојби ќе демонстрираат брза, правилна и ефикасна реакција, со што ќе ја покажат важноста на првата помош како животоспасувачка вештина.

Натпреварот се одржува на Плоштад Македонија и во околината, кај МНТ, Музејот на холокаустот, плоштадот „Филип Втори“, кејот на Вардар, Жена-парк, Порта Македонија и во близина до Италијанската амбасада.
На свеченото отворање се очекува да се обрати Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој е покровител на настанот.
На натпреварот ќе присуствуваат повеќе од 200 учесници и гости.