Албанија

Ексалираа протестите во Тирана: Над 20 повредени демонстранти и полицајци

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Нови судири меѓу полицијата и демонстрантите на синоќешните антивладини протести во Тирана. Дваесеттина лица се повредени меѓу нив демонстранти и полицијци, соопшти албанското Министерство за здравство и социјална заштита.

Во Универзитетската болница во Тирана лекарска помош побарале 21 лице, меѓу кои осум полицајци, 10 демонстранти и тројца случајни минувачи.

Министерот за внатрешни работи Ервин Демо изјави дека во протестите кои четврти ден по ред се одржаа во Тирана, досега се повредени вкупно 156 лица, од кои 97 се полицајци.

Демонстрантите синоќа фрлале камења кон полицијата, оштетиле јавна инфраструктура и палеле клупи и канти за отпадоци.

Протестите траеле повеќе од 10 часа, пред парламентот и во близина на кабинетот на премиерот Еди Рама.

Тензиите ескалирале во близина на парламентот, каде што полицијата употребила водени топови за да ги растера демонстрантите, откако тие продолжиле да фрлаат камења кон полициските службеници.

Четврти ден како траат протестите во албанската престолнина на кои се бара
оставка од премиерот Еди Рама, кој пак обвини за вмешаност на опозицијата.

Рама не планира да поднесе оставка.

Најнови вести