И денешниот протест во Франција проследен со немири

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Стотици илјади граѓани и денеска излегоа на нови протести низ Франција. Вработените во јавниот и приватниот сектор, дел од наставниот кадар во основните училишта како и синдикатите од енергетскиот сектор излегоа на штрајк поради високите трошоци за живот и состојбата во јавните служби. Ученици блокираа десетици средни училишта и универзитети низ Франција.

Француските власти распоредија околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од изминатиот месец. Организациите за човекови права повикаa на протест против преголемото полициско присуство. Француската полиција за немири употреби солзавец и нападна група демонстранти во Лион.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера одржа состанок посветен на одбраната и безбедноста, во обид да спречи нов бран насилство. Протестното движење, кое почна поради незадоволството на студентите од условите во образованието, прерасна во поширок предизвик за неговата влада, на само пет месеци пред претседателските избори.

Најнови вести