23 октомври

Делагации им одадоа почит на основачите на ВМРО: Положено свежо цвеќе пред нивниот споменик во паркот Жена борец

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Делегации на Собранието, Владата, Град Скопје, дилпоматскиот кор, политички партии, здруженија на граѓани, положија свежо цвеќе и им одадоа почит на оснивачите на ВМРО пред Споменикот во паркот Жена борец.

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, денеска во Скопје ја предводеше владината делегација која положи цвеќе пред Споменикот на основачите на ВМРО, по повод 23 Октомври – Денот на македонската револуционерна борба.

По повод празникот, министерот Муцунски истакна дека 23 Октомври е потсетник на идеалите за слобода, самостојност и државотворност и ден на почит кон генерациите што го трасирале патот кон современата македонска држава.

„Наша обврска е тие идеали да ги чуваме со достоинство и да градиме силна, стабилна и меѓународно почитувана држава, одговорно водејќи ја кон напредок и нови достигнувања“, порача Муцунски.

Најнови вести