Ферибот со 267 луѓе се преврте кај Северен Кипар, има жртви

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Патнички брод со 267 луѓе се преврте кај Северен Кипар. Фериботот во стилот на катамаран патувал од пристаништето Киренија, познато и како Гирне, до турското пристаниште Тасуџу во покраината Мерсин. Во него биле 259 патници и осуммина членови на екипажот.

Во операцијата за пребарување и спасување се приклучи и турската војска. Досега се извлечени телата на седдумина патници, се трага по повеќе од 20 луѓе. Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изрази сочувство до семејствата на загинатите и рече дека неговата влада се координира со Северен Кипар во напорите за пребарување и спасување.

Приведени се капетанот и седум членови на екипажот. Според локалните власти, фериботот се соочил со лоши временски услови и почнал да се полни со вода само 15 минути по тргнувањето.

Најнови вести