Протести против трошоците за живот

ФРАНЦИЈА МОБИЛИЗИРАНА: Најавени големи протести, 70 илјади полицајци се на улиците

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Околу 70.000 полицајци се распоредени низ цела Франција поради планираните протести, објавија француските власти. Целта е да се избегне повторување на насилните немири од изминатата недела. Лувр и неколку други големи музеи во Париз се затворени.

Францускиот министер за внатрешни работи, Лоран Нуњез, изјави дека покрај 70.000 полицајци и жандармери, распоредени се и хеликоптери, оклопни возила и водни топови.

Повеќе од половина милион демонстранти излегоа на улиците изминатата недела. За денеска се очекува масовен одѕив, бидејќи учество на протестите најавија студенти, членови на синдикатот и активисти од движењето „Жолти елеци“, чии демонстрации против социјалната неправда ја потресоа Франција во 2018 и 2019 година.

Протестите изминатата сабота прераснаа во хаос, толпата подметнуваше пожари, упаѓаше во јавни згради, се кршеа излози, се ограбуваа продавници, по што беа регистрирани судрири со полицијата.

Најнови вести