Франција распореди околу 2.000 војници на Блискиот Исток со цел да помогне во заштитата на своите сојузници во Персискиот Залив, особено Катар и Кувајт, изјави денеска началникот на Генералштабот на француските вооружени сили, генерал Фабиен Мандон.
Мандон, обраќајќи им се на пратениците во француското Национално собрание, изјави дека Франција со Саудиска Арабија ги разгледува и можностите за ангажирање на француските воени капацитети за заштита на нафтениот терминал Јанбу, пренесува „Фигаро“.
„Во моментов сме во фаза на разговори со Саудиска Арабија. Разгледуваме различни опции за заштита на терминалот Јанбу, кој беше нападнат и кој е од клучно значење за трговијата со јаглеводороди“, изјави Мандон.