ЈП Паркинзи на Општина Центар во периодот од 26 октомври до први ноември 2026 година, со помош на специјалните возила „Пајак” отстраниле 120 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.
Од претпријатието велат дека за трајно решение на сообраќајниот метеж и проблемот со неправилното паркирање неопходна е поголема сообраќајна култура.
ЈП ПОЦ објави дека во наредниот период ќе продолжи со секојдневно отстранување на сите непрописно весно паркирани автомобили во Општина Центар со цел да се подигне сообраќајната свест на повисоко ниво и да се зголеми безбедноста во сообраќајот.