МВР потврди, меѓу уапсените во вчерашната акција на МВР, за злоупотреби на пари од Фондот за здравство, е и Претседателот на Управниот одбор на Европската очна болница за кого Албанија лани распиша потерница.
Полициски службеници по наредба на надлежен јавен обвинител гo лишија од слобода Б.К. за кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, објави МВР.
За случајот коментар и од премиерот Христијан Мицкоски вели дека станува збор за двојна наплата на услуги и граѓаните биле оштетени.
-4000 случаи имаме и тоа не е добро, луѓето се оштетени неколку милиони евра”, парите ќе треба да им бидат вратени, истакна премиерот Мицкоски.
Во голема акција, вчера кривична пријава беше поднесена против 11 лица и една приватна здравствена установа за „злоупотреба на службената положба и овластување“, „несовесно работење во службата“, „фалсификување или уништување деловни книги“, „измама во службата“ и „перење пари и други приноси од казниво дело”.
Во рамки на акцијата, извршени беа претреси на повеќе локации во Скопје и по една во Тетово и Куманово, при што лишени беа од слобода се осум лица.
Според пријавата, штетата на буџетот на ФЗО изнесува 104.818.754 денари, односно околу 1,7 милиони евра, за исплати по фиктивни фактури, и дополнителни 525.000 денари за ненаплатени договорни казни. Постојат сомнежи дека во периодот од 2022 до 2025 година здравствената установа се стекнала со противправна имотна корист од 261.271.961 денар, односно околу 4,25 милиони евра. Со опишаната двојна наплата, според пријавата, биле оштетени меѓу 3.000 и 4.000 пациенти.