Бугарија и Грција постигнаа договор за враќање на посмртните останки на цар Самуил во Бугарија. Премиерот Румен Радев вели дека ,,нивниот Цар” се враќа дома.
„По интензивни преговори, Бугарија и Грција постигнаа историски договор за враќање на посмртните останки на бугарскиот цар Самуил во неговата татковина“, рече бугарскиот премиер Румен Радев.
Според него, на 3 октомври ќе се одржи церемонија во Музејот на византиската култура во Солун, на која посмртните останки на цар Самуил официјално ќе бидат предадени на бугарската држава. Заедно со нив ќе бидат предадени и останките два други саркофази пронајдени во истата црква, за кои се вели дека му припаѓаат на царот Гаврил Радомир и на други членови на кралското семејство.
Премиерот истакна дека аспирацијата на Бугарија да ги врати посмртните останки на цар Самуил датира од 1965 година, кога грчкиот археолог професор Николаос Муцопулос ги открил во базиликата изградена од цар Самуил на островот Свети Ахил во Малото Преспанско Езеро.