Извештај

ХЕРА: Земјава назадува во повеќе сегменти од човековите права вклучително и во родовата еднаквост

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Европскиот економски и социјален комитет го објави извештајот за фундаментални права и владеење на правото по мониторинг посетата на Македонија, во март 2026 година. Извештајот кој ги вклучува искуствата и рефлексиите на граѓанското општество, укажува на сериозни предизвици во заштитата на човековите права, родовата еднаквост, борбата против дискриминацијата и функционирањето на демократските институции.

Уназадувањето според извештајот на ЕЕСК е нотирано во економските, медиумските, социјалните области како и во владеењето на правото, а видливо назадување има и во родовата еднаквост и дискриминацијата.

ХЕРА предупредува дека ваквите уназадувања ја оддалечуваат земјата од еворинтеграциските процеси правејќи ја Европската Унија далечна стратешка цел.

Особено загрижувачки се предупредувањата на граѓанските организации за назадувањето на родовата еднаквост во образованието предизвикани од реактивноста на институциите на ставовите на антиродовите движења.

Во извештајот се издвојуваат клучни проблеми од повеќе области меѓу кои:
Назадување во образованието: Отстранувањето на родовата еднаквост од образовното законодавство се оценува како чекор назад во заштитата од дискриминација и создавањето инклузивно образование.

ХЕРА повикува на итни и конкретни институционални мерки:
– враќање на родовата еднаквост во образовните политики;
– доследна примена на законите за заштита од дискриминација;
– ефикасна заштита од родово базирано насилство;
– воспоставување на механизми за градење отпорност на дезинформациите и штетните наративи од страна на националните безбедносни служби;
– обезбедување одржлива поддршка за граѓанските организации.

Меѓудругото во извештајот се посочува
недоволна заштита на жените и ЛГБТИ луѓето. Дискриминацијата, говорот на омраза, бавните судски постапки и слабата институционална реакција продолжуваат да ја ограничуваат ефективната заштита на правата. Родово базирано насилство е со акцент на Недоволната институционална поддршка, благите санкции и ограничениот пристап до специјализирани услуги ја нагласуваат потребата од посилен систем за заштита на жртвите. Дезинформации и притисок врз граѓанското општество со ширењето на антидемократски наративи, недоволното јавно финансирање и ограниченото учество на граѓанските организации во носењето одлуки ја ослабуваат демократската отпорност.

Според ХЕРА, Европската интеграција не смее да се сведе на формално усогласување на законите. Таа мора да значи вистинска заштита на човековите права, еднаквост и демократски институции отпорни на притисоци што ги поткопуваат овие вредности.

Најнови вести