Најмалку 53 лица загинаа денеска во напад на јеменската милитантна група Хути врз воен камп за обука на силите на меѓународно признатата влада на Јемен, во покраината Шабва на југот на земјата, соопштија локалните власти.
Во соопштението се наведува дека во нападот врз „Центарот за обука на маченикот Ахмед ел Сулејмани“ се ранети повеќе од 200 регрути, пренесува Ал Џезира.
Јеменските владини сили претходно денеска соопштија дека Хутите со три балистички ракети го напаѓале центарот за обука на војската и полицијата во Шабва.