Евроинтеграции

Јотова тврди дека Бугарија е отворена за дијалог со Македонија, но и натаму има свои услови

Бугарија е подготвена за разговори со Македонија, но без ултиматуми и отстапки од политиката на ЕУ.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Бугарската претседателка Илијана Јотова изјави дека Бугарија останува отворена за дијалог со Република Северна Македонија, но, според неа, за разговорот да биде сериозен, премиерот Христијан Мицкоски мора внимателно да ја прочита европската политика за проширување. Според Јотова, Скопје мора да престане да ја претставува темата како билатерално прашање, а земја која се впуштила во членство не може да не ги прифати вредностите на Унијата.

Јотова изрази надеж дека претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен ќе биде „исклучително цврста“, по однос на извештајот за напредокот на Македонија, кој се очекува за две недели. Претседателката на Бугарија рече дека е умерен оптимист и ќе побара од шефицата на бугарската дипломатија Петрова Чамова да и ја даде на увид дипломатската нота од министерот за надворешни работи и трговија, Тимчо Муцунски, со барање за средба во Софија.

,,Сè уште не ги знам деталите од тет
а тет разговорот со г-ѓа Фон дер Лајен. Се надевам дека овој пат таа беше
исклучително цврста. За овој разговор да биде сериозен, г-дин Мицкоски мора многу добро да ја прочита европската политика во однос на проширувањето”, истакна Јотова.

Премиерот Христијан Мицкоски вчера изјави дека доколку Бугарија одбие средба, уште еднаш ќе се потврдат тезите на Владата. Според него, не е паметно Софија да ја отфрли понудата, но одлуката за тоа е суверено право на бугарската страна. Иако не е задоволен од пораката на Фон дер Лајен за уставните измени, Мицкоски изјави дека разговорот бил пријателски и позитивен. Понудата за билатерална средба во Софија, ја нарече конструктивен предлог од Фон дер Лајен.

Најнови вести