Стотици илјади граѓани се очекува да излезат и денеска на нови протести низ Франција. Вработените во јавниот сектор најавија штрајк поради високите трошоци за живот, состојбата во јавните служби и образованието.
Француските власти распоредуваат околу 70.000 полицајци за да спречат повторување на насилните немири од изминатиот месец.
Се очекува штрајкот да предизвика
нарушувања во железничкиот и јавниот превоз, како и во образованието. На протести излегува и дел од наставниот кадар во основните училишта исто така, како и синдикатите од енергетскиот сектор.
Францускиот претседател Емануел Макрон вчера одржа состанок посветен на одбраната и безбедноста, во обид да спречи нов бран насилство.
Протестното движење, кое почна поради незадоволството на студентите од условите во образованието, прерасна во поширок предизвик за неговата влада, пет
месеци пред претседателските избори.