Рускиот претседател Владимир Путин се обидува да употреби „психолошки трик“ за да го одвлече вниманието на европските земји од војната во Украина, изјави премиерот на Естонија, Кристен Михаил. Според него, Путин бара преговори за европска безбедносна архитектура пред да се согласи на прекин на огнот, а Москва нема искрена намера да постигне мир.
Кога станува збор за преговорите меѓу Русија и Европа, Кристен Михал посочи дека во процесот треба да биде вклучена и високата претставничка на Европската Унија за надворешни работи и безбедносна политика, Каја Калас, покрај веќе најавените пет европски земји и лидерите на Европскиот совет и Европската комисија.
Во декември, Естонија ќе ја затвори својата граница со Русија по обидот за саботажа на компанија, за што ја обвини руската воена разузнавачка служба.
Естонија, која е членка на НАТО и силен поддржувач на Украина, моментално има три отворени гранични премини со Русија.