Москва работи на организирање посета на претставници на Велика Британија, Германија и Франција со цел да се разјаснат ставовите за решавање на конфликтот во Украина, објави рускиот заменик-министер за надворешни работи Сергеј Рјабков.
По состанокот на ,,Коалицијата на подготвените” во Берлин, германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека европските земји се подготвени да разговараат со Москва за решавање на конфликтот во Украина на неутрална територија. Францускиот претседател Емануел Макрон, исто така, зборуваше за плановите за започнување преговори.
Рускиот претседател Владимир Путин претходно по средбите со Доналд Трамп и Шји Џјинпинг во Шенжен, предложи европските претставници да ја посетат Москва за да разговараат за решавање на конфликтот.
Германскиот министер за одбрана Борис Писториус, смета дека Европа не треба да ја одбие поканата на Путин за разговори, но истовремено оценува дека руската престолнина не е соодветно место за таква средба.