Помошник директор на царинската управа фатен на дело, примил 17.500 евра мито

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Лишен е од слобода помошник директор во Царинската управа.

Лицето е затекнато при примање на претходно обележани парични средства во износ од 17.500 евра.

Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал при МВР постапува во координација со надлежен јавен обвинител од ОЈО за ГОКК.

По целосно документирање на случајот до ОЈО за ГОКК ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

Најнови вести