Полскиот кинематографер Лукаш Жал е годинашниот лауреат на највисокото признание на фестивалот „Браќа Манаки“ – златната „Камера 300“.
Жал во видеообраќање се заблагодари за наградата и најави дека наскоро ќе ја посети Битола. Тој е кинематографер на филмот „Татковина“, полско-италијанска, германска и француска копродукција, кој го обработува односот меѓу писателот и нобеловец Томас Ман и неговата ќерка Ерика.
Сребрената „Камера 300“ ја доби кинематограферот Жонџијанг Лианг од Кина, додека бронзената му припадна на данскиот кинематографер Паул Шпенгеман.