МНР: Не е оштетена и отстранета официјалната табла во македонската амбасада во Бугарија

Во врска со информациите објавени во дел од медиумите, во кои се пренесува објава од социјалните мрежи за наводно оштетување и отстранување на официјалната табла на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточна информација.

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Од министерството за надворешни велат дека таблата била отстранета од страна на вработените во Амбасадата, бидејќи не била изработена согласно со воспоставените стандарди на mинистерството. Официјалните табли на Амбасадата, на кои името на државата е правилно испишано, се на своето место и се целосно во функција.

Од МНР апел при известувањето за прашања поврзани со дипломатско-конзуларните претставништва да се почитуваат фактите и информациите да се проверуваат преку официјални извори пред нивното објавување. Пласирањето и пренесувањето непроверени и неточни информации не придонесува за објективно информирање на јавноста и непотребно создава погрешна претстава во јавноста, стои во дописот до медиумите.

Најнови вести