Цените на бензините и дизелот остануваат исти, додека е зголемена цената на мазутот. Регулаторната комисија за енергетика одлучи малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 да остане 98,50 ден/лит, а ЕУРОСУПЕР БС-98 ќе се продава по цена од 100,50 ден/литар. И дизелот останува уште една недела по цена од 97 денари за литар.
Нема промена и во цената на Екстра лесното масло за домаќинство кое ќе се продава по цена од 108,50 ден/лит.
Мазутот од полноќ се зголемува за 2,145 ден/кг и неговата нова цена ќе изнесува 51,742 ден/кг.