НОВИ ДЕТАЛИ ОД ТРАГЕДИЈАТА: Две деца и нивната баба загинаа во сообраќајната несреќа во Словенија

Во автомобилот патувале петмина македонски државјани – на местото загинале 74-годишна жена и нејзините две внучиња, на возраст од 4 и 11 години. Полицијата ги истражува причините за несреќата и проверува дали таткото заспал зад воланот.

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Две деца и нивната баба загинаа во стравичната сообраќајна несреќа што вчера се случи на автопатот во Словенија, меѓу Унец и Равбаркоманда, соопшти словенечката полиција. Во автомобилот биле вкупно пет члена, сите македонски државјани. Преживеале мајката и таткото кој управувал со возилото и е со полесни повреди. Семејство било по потекло од Центар Жупа, патувале од Македонија до Равена, Италија, каде што живееле.

Според новите информации од Полициската управа Копер, автомобилот „ауди А4“ со италијански регистарски ознаки го управувал 39-годишниот татко. Тој најпрво со десниот дел од возилото ја закачил заштитната ограда, а потоа силно удрил во задниот лев дел од приколка на товарно возило.

Камионот, управуван од 64-годишен државјанин на Босна и Херцеговина, поради дефект бил запрен во ниша за принудно запирање. Во моментот на судирот возачот се наоѓал во кабината и не бил повреден.

Фото: Фото: PGD Cerknica / Facebook

На лице место загинале 74-годишната мајка на возачот и неговите две деца 4 годишно девојче и 11-годишно момче. 33 годишната мајка на децата, која седела на левото задно седиште, била повредена и со хеликоптер пренесена во болница. Таткото бил пренесен со возило на Итната медицинска помош.

Словенечката полиција соопшти и дека двете деца во моментот на несреќата немале сигурносни појаси.

Таткото бил тестиран за присуство на алкохол и недозволени супстанции, на кој бил негативен. Полицијата сè уште ја утврдува причина за несреќата и проверува дали возачот можеби заспал зад воланот.

По завршувањето на истрагата, против него е најавена кривична пријава за предизвикување сообраќајна несреќа од небрежност. На увидот присуствувале и државен обвинител и истражен судија. Македонската амбасада во Љубљана е во контакт со надлежните словенечки институции и го следи понатамошниот тек на постапката.

Најнови вести