Лукаревска и Јаневска во клинч за образованието

  • 2 минути читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Опозицијата поставува прашања, претставниците на власта одговараат. Почетокот на седницата на пратенички прашања почна со обвинувања за образовните политики. Пратеничката на СДСМ, Сања Лукареска праша кој ќе понесе одговорност за тоа што во основното училиште „Киро Глигоров“  децата наставата ја следат онлајн поради како што рече задоцнети градежни работи.

„Одговорноста е Ваша министерке. И таа одговорност содејствува со Вашата изјава од први септември во дворот на истото училиште дека се ќе се заврши во рок од две недели, или осум до девет работни дена. Тоа му доаѓа некаде 14 или 15 септември. Но, се ова паѓа во вода согласно дописот од 9 септември доставен до совет на родители од директорката на училиштето, каде стои дека по насоки на МОН ,,Од 14.9.2026 година воспитно-образовниот процес за учениците од прво до петто одделение ќе биде реализиран со физичко присуство, а за учениците од шесто до деветто одделение ќе се реализира преку средствата за учење од далечина“. рече Лукаревска.

Министерството за образование и наука се заложи да помогне за проширување на капацитетите на основното училиште „Киро Глигоров“ во Центар и навремено поднесе барање за реализација на проектот. Но, од општинската администрација добивме одобрение по повеќе од два месеци, на крајот на јули и затоа неколку дена се доцни со завршувањето на градежните работи, а дел од децата следат настава онлајн. Но, многу скоро ќе го заокружиме проектот и ќе има едносменска настава која ќе биде поквалитетна и во интерес на сите ученицi, возврати Јаневска.

„Ги прошируваме училишните капацитети секаде кадешто има потреба, па така и во ова училиште – единственото кое го има изградено СДСМ во своето владеење, а за кое, за жал, не предвиделе поголеми капацитети иако знаеле дека оваа општина ќе расте по бројност на население. Сега актуелната Влада тоа го прави, а на опозицијата и’ пречи зошто градиме. Ако не градевме, повторно ќе реагиравте зошто децата учат во две смени“, рече Јаневска, додавајќи дека не треба да се прави проблем таму кадешто го нема.

 

 

Најнови вести