Претседателката Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Албулена Хаџиу

  • 1 минута читање
Додај го Репер како претпочитан извор во

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова во Вила Водно ја прими претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу, која е во официјална посета на земјава.

На состанокот поздравен напредокот во економската соработка и трговската размена, посочувајќи ја потребата од подобро инфраструктурно поврзување и поедноставување на царинските постапки.

На средбата биле истакнати добрите односи меѓу двете земји, политичкиот дијалог и усогласеноста за важни меѓународни прашања. Сиљановска-Давкова ја потврди поддршката за евроатлантските стремежи на Косово, нагласувајќи дека напредокот на државите кон членство во ЕУ треба да се оценува праведно, според
копенхашките критериуми.

Претседателката на Собранието на Косово, Албулена Хаџиу се заблагодари за пријателството и поддршката од Македонија, особено за придонесот кон мирот и стабилноста на Косово преку КФОР И НАТО.

Сиљановска- Давкова и Албулена Хаџиу разговараа и за актуелните политички состојби, при што оценија дека помирувањето и посилната регионална соработка се важни за европската иднина на Западниот Балкан.

Најнови вести